Српски манекен тврди дека бил во љубов со Боки

Српскиот портал ало.рс објави дека српскиот модел и манекен, Томислав Тома Паниќ една година бил во љубовна врска со Бојан Јовановски, познат како Боки 13. Тома, пишува порталот, ова го открил во реалното шоу „Задруга“ неколку дена откако влегол во куќата. Тој на луѓето во куќата им рекол дека води контроверзен  живот, кажал дека бил со многу жени, но и дека имал едногодишна врска со Боки.

Ало.рс се повикува на ВИП изданието каде се дознале детали за врската, а кои, наводно, ги открила блиска пријателка на Боки. Таа рекла дека со Тома се запознала пред неколку години и дека дошол со Боки во клубот каде што вообичаено излегувале.

„Боки е таков, сака да се дружи и околу себе да има убаво младо друштво. По некое време стана јасно дека се повеќе од пријатели“, рекла неименуваната девојка.

Како што пишува српскиот портал, по некое време пријателите на Боки му укажале дека не е во ред Тома да се слика со жени и да се претставува како хетеросексуалец, но тој им одговорил дека Тома ја крие вистината од семејството.

„Прво мислевме дека се секс-пријатели и дека се гледаат кога ќе се најдат во ист град. Но, се изненадив кога по некое време Бојан ми рече дека живеат заедно“, раскажала девојката за српскиот портал.

Таа рекла дека Тома го искористувал Боки за парите, а дека Боки постојано му носел скапа, брендирана гардероба од своите патувања. Додала и дека Тома заработувал доволно од својата работа како модел, но дека тоа било недоволно да си приушти се што му давал Бојан.

Според пишувањата на ало.рс, врската ја прекинал Боки по околу една година.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Scroll to Top