Со суканиците немаш фаца за во кафeана

По објавaта дека министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, потрошил 9 илјади евра во угостителски објекти, се јавија од групата „Бернејс пропаганда“.

„Ем со суканици шуто, ем боде! Како прво, нема фаца за во добра кафеана да влезе, зашто таму не пуштаат со обезбедување, ќе треба сам да си стави пијачка“, напиша Васко Атанасоски, челенот на групата.

Министерот Алаѓозовски, пак, претходно дематираше на „Фејсбук“ дека потрошил 9.000 евра по кафеани. „Непрецизно е пренесена сметката од бифето на Министерството од околу 430.000 денари“, напиша тој.

„Тоа се трошоци од вода и кафе за сите што не се вработени, а дошле како гости, како членови на комисии, тела, работни групи, амбасадори, синдикати, граѓани, уметници. Тие се формално фактурирани на име на министерот“, пишува Алаѓозовски.

 

 

 

 

Scroll to Top