Сузана Гавазова опасна за око

By

Фолк пејачката Сузана Гавазова по настапот на „Роса Фест“ снима нова спот.

Се работи за темата „Опасна за око“, која ја отпеа на „Роса фест 2017“ и за која одамна го најави видеото на кое работи со „Арт Студио продукција“ .

Автор на музиката на „Опасна за око“ е Борче Димитров, стиховите ги напиша Орце Зафировски, додека аранжманот и продукцијата ги направил Дејан Момировски.

Гавазова песната на фолк фестивалот „Роса 2017“ ја изведе заедно со блех оркестарот на популарниот Џамбо Агушев, кој исто така учествува во самиот спот. Наскоро таа најави и промоција на спотот.

Ќе ви се допадне