Татјана Лазаревска и Новица Вассилевски промовираа две нови песни „Љубов ни е име“ со која настапија на „Охрид фест“ и добија награда и „Жена хероина“. Автори на „Жена хероина“ се Борче Димитров, кој ја направи музиката. Текстот е на Орце Зафировски, а снимена е во струдиото на Горан Милошевски.
Автори на „Љубов ни е име“ се на Сејхан Мемедов Секо, кој ја направи музиката, а Горан Тодоровски, го направи текстот.
„Кога ја добив песната на прва се воодушевив, се расплакав. Песната е моќна, со многу моќна порака и сигурна сум дека во неа нема жена која нема да се пронајде, рече Тања за песната „Жена хероина“.
За втората песна „Љубов ни е име“ рече дека ја направиле во Австралија и дека стоела во фиока и го чекале моментот да ја објават.
„Песната е оцртување на нашата љубов, нашата врска, нашиот брак“, рече Новица.
„Песната е турбо, а за нас кај што има музика, таму се игра. Ние си заминуваме следната недела и се надеваме дека наскоро повторно ќе се видиме заедно во нашата мила татковина и ќе се дружиме сите заедно и ќе ја промовираме нашата фолк музика секаде каде ќе одиме, Америка, Канада Австралија и ќе бидеме добри амбасадори на нашата музика“, рече Тања.
Спотовите се снимени на неколку локации во Охрид во „ИН ТВ“ Продукција.