Ти не пловиш веќе, ти само се лизна – Венко Андоновски напиша песна за Билјана Беличанец

Писателот Венко Андоновски ја напиша песната „Лизгање на сплавот“ и ѝ ја посвети на починатата актерка и ексградоначалничка Билјана Беличанец. Во песната, вели: „Ти не пловиш веќе, но знаеме сите, ти не умре Бибе, ти само се лизна“.

Беличанец се самоуби вчера во својот дом, а денес, нејзините колеги-актери и многу јавни личности со емотивни пораки се простуваат од актерката. Таа во јавноста беше позната и како Хурем, заради гласот што го позајмуваше за натсинхронизација на ликот на султанката Хурем во серијата „Величенствениот“. 

Фото: Фејсбук

Телото на Билјана Беличанец го пронашол нејзиниот сопруг

Scroll to Top