Тијана и Сузана Манчиќ се пофалија со бундите на „Инстаграм“

Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ, која годинава настапува на регионалното шоу ТЛЗП, на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која е во друштво со познатата водителка Сузана Манчиќ.

„Со мојата Суки ноќеска на презентација“, напишала Дапчевиќ под фотографијата.

Двете пријателки биле на презентација на новите чанти од познатиот бренд „Обаг“ во Белград. Но, она што остави впечаток на фотографијата е стилот на Тијана и Манчиќ. И двете се во бунди, сеедно дали од вештачко или природно крзно, поп-пејачката и легендарната лото-дама на ексју-просторот се облечени во тренд, иако според модните дизајнери, бундите се носат на екстремно ниски температури.

Scroll to Top