Тито со наредба ни го смени презимето, јас бев Стојановиќ: фудбалската легенда Бошко Ѓуровски за својата животна приказна

Поранешниот македонски селектор и легенда од првата генерација на македонската репрезентација, Бошко Ѓуровски, за српски „Курир“ рече дека неговото вистинско презиме било Стојановиќ. Тој рече дека Тито со наредба им го сменил презимето.

Стрелецот на првиот хет трик за Македонија на натпреварот против Кипар во 1995 година раскажа дека Тито со наредба ги менувал презимињата во Македонија, па тие што се презивале не „иќ“ на крајот ќе ја добиеле додавката „ски“.

„Нашето вистинско презиме по татко беше Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме Стојановиќ го носеше мојот дедо Никола, херој од Првата светска војна, а кога моите дојдоа во Македонија, моравме да го смениме. Како да објаснам. Такво беше тоа време. Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да се земе презиме по некој предок и на крајот да се додаде ‘ски’ наместо ‘иќ’. Мојот прадедо се викаше Ѓуро, па по него моите прифатија презиме Ѓуровски“, рече Ѓуровски.

Тој во интервјуто зборуваше и за семејството, пријателите од естрадата и за неговиот клуб Црвена звезда.

„Сакам да пеам, иако мојот брат Милко е подобар пејач од мене. Тој сними дует со Лепа Брена, Ана Бекута и со многу пејачки. Јас не. Јас сакам само да се веселам, да пеам за мојата душа. Со ветераните на Црвена звезда ги обиколивме целата поранешна Југославија, Европа. Тоа беше нашето трето полувреме“, рече Ѓуровски.

„Се дружам и со луѓето од естрадата. Шабан Шаулиќ беше мој домашен пријател. Маринко Роквиќ особено. Двајцата беа големи звездаши. Кога беше комеморацијата на Маринко, неговиот син Никола стана и ја запеа песната на Шабан – ‘Тамо код најдаљих брда’. Дојде и брат му Марко, па тројцата пеевме. Сето тоа беше спонтано. Покрај нив се дружам и со Мирослав Илиќ, Миле Китиќ, Харис Џиновиќ, Мишо Мијатовиќ, Радиша Урошевиќ. Игравме за репрезентацијата на естрадата. Интересно, испаѓа дека не сакам женски гласови, пејачки. Милко беше поголем мивен фан. Некако песните на машките пејачи ми се поблиски“, рече Ѓуровски.

Тој додаде дека секогаш во срцето му била Црвена звезда.

„Звезда ја презедов кога Гроф Божовиќ си замина. И тоа во деликатна ситуација. Јас дојдов само да помогнам иако многумина ми гарантираа дека ќе останам подолго време. Џаји и Терзи ми рекоа тогаш дека ќе направат сѐ за Звезда. Тогаш прифатив. Но, несреќно изгубивме во финалето во купот од Партизан. Ако судијата Мажиќ го досудеше пеналот над Боачиј, можеби и јас ќе останев да им бидам требер“, рече Ѓуровски.

Scroll to Top