Уште еден недоживеан роденден на мојот брат

Македонската пејачка Сузана Турунџиева сподели емотивна порака за својот брат Панде Турунџев, кој зимата во 2001 година, беше пронајден мртов во Канада. Таа потсети дека денес требало да му биде роденден, и дека ова е уште еден тажен 19 април за неа.

„Некои луѓе умираат уште за време на нивниот живот, а некои живеат и откако ќе умрат. Сега знам дека сум била допрена од Бога, штом сум имала привилегија да бидам (помала) сестра на Панде. Изминува уште еден 19ти април, уште еден недоживеан роденден, уште една горчлива грутка во грлото, а неговото отсуство е сеуште многу присутно. Мирно небо бато.“, напиша Турунџева.

Братот на пејачката почина на 36 годин. Медиумите пишуваа дека братот на познатата пејачка, кој во Канада работел како градежен инженер во фирма на Бугарин и на Италијанец од Сицилија, пронајден бил мртов, легнат на карпа, со скршена карлица.

Речиси секој 19 април, Сузана јавно потсетува колку и недостасува нејзиниот брат.

Scroll to Top