Васил Гарванлиев и официјално ќе ја претставува Македонија на Евросонг, потврдија од МРТ

By

Македонската радио-телевизија и официјално потврди дека Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евросонг 2021 година, кој ќе се одржи во Холандија. Тој веќе беше избран за македонски претставник во 2020 година со песната You, но откако Евровизија се откажа поради короната, се чекаше официјална потврда од МРТ за тоа дали Васил ќе пее оваа година или ќе се избере нов претставник.

„ЕБУ има јасно утврдени правила што ги обврзуваат националните радиодифузери да изберат нова песна за Евровизија 2021, но самите да донесат одлука дали ланскиот претставник ќе остане ист и за годинава, па ние решивме да го потврдиме учеството на Васил“, велат од МРТ.

За Васил сега треба да се избере нова песна, а МРТ отвори јавен повик за композиторите, што ќе трае до 27 јануари и е достапен преку линкот http://mrt.com.mk/node/60250.

И оваа година на Евровизија ќе настапи 41 земја, а ќе се одржат две полуфинални вечери и финале, кои се закажани на 18, 20 и 22 мај во арената Ахој, во Ротердам.

„Повеќе од дваесет земји веќе ги потврдија истите учесници од лани. Но, поради непредвидливата состојба со короната, а за да го осигури одржувањето на шоуто, ЕБУ подготви четири можни сценарија, кои ќе овозможат непречено да се одвива натпреварот, дури и да мора да се направат промени во последен момент. Сите земји учеснички имаат обврска пред мај да обезбедат снимка од настап во живо на својот претставник, а организаторите ќе може да ја искористат снимката ако делегациите не може да патувааат во Холандија“, додаваат од МРТ.

Евровизија има четири можни сценарија како да се одржи музичкото натпреварување

 

Ќе ви се допадне

Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 20 (https://kissanimeonline.com/m/75O4/ep-20) at KissAnime kissanime news

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable (Dub) (https://animeheaven.pro/m/8q3x) Episode 39 at website https://animeheaven.pro animeheaveneu