„Веќе сме на маргините“, се пожали Дани оти музичарите цела година не работат

Поп-пејачата Дани Димитровска го искажа својот револт на социјалните мрежи, по повод неможноста на државата да им помогне на музичарите во екот на пандемијата со коронавирусот.

Таа напиша дека и музиката како и секоја друга работа е професија и култура, но дека се наоѓа на маргините во општеството.

„Ни велат дека музичарите не биле во системот. Тоа значи невалидни сме. Непостоечки. Штом не сме во системот значи немаме работнички права. А на секој музички работник и тоа како му е во прилог да биде легитимен и пред себе и пред систем. Од осамостојување до ден денешен, правата и одговорностите на работникот со професија сценско-музичка дејност, не се решени. Музиката е професија. А на маргините е. А култура е“, напиша Дани на „Фејсбук“.

За потсетување, претходно музичарите од шест музички здруженија во земјата реагираа на изјавите на вицепремирот за економски прашања Фатмир Битиќи, дека нивните барања доставени до Владата се неприфатливи, а објаснувањето било затоа што тие претставувале категорија луѓе кои биле надвор од системот.

Ќе го блокираме Плетвар, музичарите од Прилеп бараат да настапуваат

Scroll to Top