Венчаница од Италија е изборот на Каролина

By

Во венчаница купена од  Италија, поп-пејачкта Каролина Гочева денес се  мажи за  Михаил Корубин. И покрај претпоставките дека свекрвата Лиле Корубин која е истакнат моден дизајнер, би можела да и ја дизајнира венчаницата, сепк поп-ѕвездата ќе носи дизајн од Италија.

Свадбата на Каролина и Михаил е вечер. Се зборува дека свадбената веселба ќе биде под шатори, надвор од Скопје, наводно во близина на Општината Петровец. Поп-пејачката мислела на сè, па ангажирано е и обезбедување, кое  ќе го чува просторот за да не може да се фотографира.

Каролина пред две недели направи моминска вечер на која беа поканети нејзините најблиски другарки, но и колешки од естрадата. Со Михаил Корубин беа повеќе од година дена во љубовна врска пред да се решат за брак. Летово беа на одмор во Италија и на Миконос во Грција.

Ќе ви се допадне