Момците од „2 Бона“ снимија песна за српската хит-серија „Јужен ветер“, што е работена по истоимениот филм со Милош Биковиќ и Драган Бјелогрлиќ. Песната што ја промовираа пред два дена веќе има 450.000 прегледи. Ова е прва соработка на Марио и Антонио со „Н медија“ од Србија, кои го снимија видеото. Режисер е Немања Новаковиќ, а автори на песната се „2 Бона“ и Иван Јованов – Ивајо.
Популарните музичари од Македонија и претходно соработувале со колеги од Србија, но првпат работат на толку голем проект. Продуцентите на „Јужен ветер“, пак, за крајот на годината најавуваат дека ќе го промовираат вториот дел од популарниот филм.