(Видео) „Ај Кју“ имаа прва проба во Лисабон

Македонските евровизиски претставници, „Ај Кју“, утрово ја одржаа првата проба во Лисабон. Тие имаа 30 минути на евровизиската сцена. Освен техничкиот дел, заедно со пратечките вокали ја вежбаа и кореографијата. Кусото видео од пробата дава почетна слика за тоа како ќе изгледа настапот на нашите претставници, но и што, најверојатно ќе носат на сцената.

„Ај Кју“ ќе ја пеат Lost and Found во првото полуфинале на 8 мај, а ќе настапат како единаесетти.

Scroll to Top