(Видео) „Брат ми не ми даваше да бидам убава”, низ животот на Атиџе во “Медената земја”

Во пресрет на доделувањето на „Оскарите“ и очекувањата за освојување на две награди на документарниот филм, на „Медена земја“, Феим Муратов, братот на Атиџе, во разговор за „А1он“ раскажува за животот со својата сестра во селото Бекирлија, каде што се снимаше документарецот, кој е номиниран за „Оскар“.

Тој вели дека не може без сестра си и додава: „Атиџе не ја давам, каде што оди таа, таму сум и јас. Кога оди во Скопје Муратов вели дека очекувал Атиџе да стане ѕвезда и за тоа многу се радува.

Тој ја научил да вади мед од пчелите, па раскажува дека првин бегала, а потоа се навикнала. Атиџе многу му е благодарна на својот брат бидејќи бил покрај неа во најтешките моменти. Со пчелите зборува и пее, а раскажа и како Феим ѝ го спасил животот кога ја нападнала змија.

Феим за младоста на Атиџе ќе каже дека била најубава и сите ја сакале, а таа раскажа како другиот брат не дозволувал да оди со него на пазар бидејќи ставила шминка. Атиџе низ смеа ќе рече дека и без
шминка ергените трчале по неа.

„Ставив обична помада да се нашминкам малку, кога ме виде помладиот брат, рече:
‘Ќе се бришеш или не те носам на пазар’, се мислев што да правам, па се измив на Филмската ѕвезда, која замина за Лос Анџелес по „Оскарот“, многу ѝ е благодарна на екипата на „Медена земја“.

„’Оскарот’ ќе го земеме. Никој не верува, ама јас викам дека ќе земам. Единствено, ако насилно не сакаат да ни го дадат. Ама мислам дека ќе ни го дадат“, рече Атиџе низ смеа.

Таа во вториот дел од разговорот, кој екипата на „А1он“ го направи во Бекирлија, говори за својата младост, животот во селото, пчелите, раскажува случки со семејството, но и се шегува на сметка на оние што живеат во град.

Првиот дел од разговорот со Атиџе можете да го погледнете тука.

Scroll to Top