Пет години откако на „Роса Фест“ ја испеа баладата „Животе мој“, фолк-пејачот Далибор Даки Ѓошиќ сними спот за песната. Во видеото, кое го сними „Арт продукција“, се појавува и синот на пејачот, Стефан.
„Оваа песна, иако е за прв пат отпеана пред речиси пет години години, најверојатно поради нејзиниот текст и емоциите, сè уште добива убави коментари од љубителите на нашата народна песна. Ме радува фактот што публиката ја бара оваа моја балада и што конечно за неа снимивме спот“, вели Далибор.
Во ова видео Далибор првпат се појавува со својот бенд, кој од сега ќе го придружува на сите негови настапи.