Скопјанецот Дамјан Димевски е единствениот од шесте македонски кандидати кои пееја во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ и кој помина во следниот круг.
Дамјан на сцената излезе облечен во народна носија и ја испеа „Јано мори“ а потоа се преоблече и ја пееше „Никој како тебе не бакнува“. Жирито му честита на одличниот настап и му предложија и во иднина да пее само народно.
„Одличен настап на првата песна, Тоше не ти лежи, те молам продолжи со македонскиот мелос. Секоја чест“, му кажа Ѓорѓе Давид.
И Снежана Ѓуришиќ го пофали, па рече дека Дамјан испеал нешто што не го може секој.
Настапот можете да го погледнете на 2:53:00.