(Видео) Докторката Цули Софијанова славеше роденден: интимна забава со многу љубов

Директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, позната уште како доктор Цули, завчера наполни 57 години. Таа го прослави својот роденден со парче чизкејк, во интимна атмосфера со своите најблиски во познат скопски локал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Culi Sofijanova (@culisofijanova)

На забавата присуствуваше ќерка ѝ Марија, која веќе со години живее во Лондон, како и другата ќерка Анастасија, со двете деца Михаил и Лука. Цули ни сподели и фотографии од подароците што ги добила на работа.

Во интервју за „Репортер“ таа раскажа за ќерка ѝ Марија, која на 18 години заминала во странство да студира, каде што дипломирала како најдобар студентка во Брисел, а оттаму заминала во Лондон, каде што завршила економија и повторно била најдобра во својата генерација, што, како што и самата вели, претставува огромна гордост за нивната фамилија.

Додека Марија ја примала наградата за најдобар студент во Брисел, Цули била во публиката, па првпат во нејзиниот живот ѝ се случило да не може да си ги сопре солзите.

„Иако животот понекогаш ве тера да бидете јаки, сепак тоа беше посилно од мене. Па дури и помалата ќерка Анастасија ми велеше да престанам оти сите гледале во мене. Но, тоа беше појака емоција“, рече таа.

„Се расплакав во Брисел за ќерка ми“, искрено со доктор Аспазија Софијанова

 

Scroll to Top