(Видео) Елмас пред тренинг им делеше автограми и се сликаше со најмладите фанови

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас, им делеше автограми и им ги потпишуваше дресовите и топките на најмладите фанови пред тренигнот со Наполи. Фудбалерот беше снимен во автомобил пред тренинг-кампот во Кастел Волтурно, каде многу млади навивачи го обиколија и побараа да се сликаат со него.

Елмас рече дека може само да замисли што ќе се случи во недела, ако Наполи и официјално го освои скудетото во Италија. Потребна им е само победа против Салернитана и најмалку реми во дерби натпреварот во битката за Лига во шампиони меѓу Лацио со Интер.

За потсетување, Елмас со асистенција беше клучен во победата кај Јувентус минатиот викенд.

„Не очекував таков дочек после мечот со Јувентус, па можам да замислам што сѐ ќе биде кога ќе ја освоиме титулата. Никогаш не замислував дека ќе освојам скудето, а сега сите само сакаме да уживаме до крајот. Тоа е една емоција која ќе ја паметиме сите цел живот, зашто доаѓаме од Македонија, Грузија, Косово, Словачка, Нигерија, Камерун. Не знам како ќе славиме, ама знам дека едвај го чекам моментот“, рече Елмас.

 

Scroll to Top