(Видео) Гавазова во танга на јахта

„Светска си, а наша“, ја пофалија фановите фолк-пејачката Сузана Гавазова за новиот спот за песната „Камикази“, која е соработка со „Балкан бенд“. Сузана, провокативна во танга-костим за капење, танцува и се сонча на јахта, па игра и плива во базен. Видеото што се снимаше летото, беше промовирано пред два дена, а пејачката ги собра сите комплименти и за изгледот и за пеењето.

Песната „Камикази“ е на Дејан Момироски, а текстот е на Борче Нечовски. Режисер на спотот е Дарио Јанковиќ, а во видеото се појавува и моделот Павле Николовски од „Моделс ИН“. Ова е прва соработка на фолк пејачката со момците од „Балкан бенд“.

Scroll to Top