(Видео) Ѝ Кончита Вурст на балот со Заеви

Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица беа гости на канцеларот Себастијан Курц на познатиот Виенски оперски бал. Двојката беше сместена во ВИП ложата, заедно со Себастијан Курц и неговата партнерка, Сузане. Овој настан традиционално се одржува околу 200 години.

Оперскиот бал секоја година привлекува познати имиња од сите општествени сфери. Познати политичари, актери, хуманисти и музичари се дел од спектаклот каде присутните уживаат во гала концерт со оркестар и балет.

Меѓу  ВИП гостите,  беше и Кончита Вурст, пејачката која на Австрија и ја донесе победата на Евросонг  во 2014 година. Вурст се стекна со интернационално внимание по победата со песната “Rise Like a Phoenix” и остана запаметена како пејачката со брада. Имено, вистинското име на Кончита е Том, но кога настапува како Кончита, бара да се збори за неа во женски род. Минатата година јавно раскажа дека со години наназад е ХИВ позитивна.

За тамошните медиуми пејачката изјави дека на балот дошла на покана на министерот за правда, Јосеф Мосер. Се појави во свечена бела тоалета која ја следи линијата на силуетата, со длабоко деколте.

Влезниците за Виенскиот оперски бал годинава се продаваа по цени од 315, па се до 2.000 евра во ложите.

Виенскиот оперски бал е манифестација каде дрес кодот наметнува почитување на балскиот изглед, со гламурозна нота и елеганција. Голем број од гостите за својот изглед соработуваат со познати светски стилисти и дизајнери.

(Фото) Заева во чипка и тул за балот со Курц

 

 

 

 

Scroll to Top