(Видео) Македонка втора на „Војс“

Пеејќи го хитот на Витни Хјустон, Greatest Love of All, Македонката од Австралија, Изабела Пејџ Јосески, го освои второто место на популарното музичко талент шоу „Војс Австралија“. Таа во финалето освои само неколку гласа помалку од победничката Сем Пери.

16-годишната Изабела од почетокот на шоуто беше фаворит на публиката. Таа на аудијцијата ја пееше песната Praying, а ја избра Кели Роланд од „Дестинис чајлд“ за свој ментор. Веднаш по завршувањето на „Војс Австралија“, таа ја промовираше својата песна Changing.

Изабела е родена во Перт, Австралија. Нејзиниот татко е Македонец. Родителите од раното детство го забележуваат музичкиот талент на девојчето, па ја пријавуваат Бела на „Војс кидс Австралија“ во 2014 година. И тогаш завршува на второ место во големото финале.

Во 2015 година Изабела пее за Австралија на „Јуниор евровизија“, а натпреварот го завршува на осмото место.

Scroll to Top