Наталија Данаилова, која е добро позната на македонската јавност по учеството во повеќе талент шоуа, ја објави својата нова песна „Милост“, што нуди сосема нов звук за сите љубители на музиката.
„Музиката е инспирација, музиката е животна приказна, музиката е многу чувства пренесени во ноти… Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидејќи сакаме луѓето да почувствуваат емоција и искрено се надевам дека сите слушатели ќе уживаат во неа“, рече Данаилова за својата нова песна.
Таа наведе дека стилот на песната е нов и необичен, а звукот е создаден за долго да остане во меморијата на слушателите.
Данаилова зад себе има еден албум „Се за тебе“, а песната „Милост“ ќе биде дел од новиот албум што ќе биде завршен оваа пролет.
Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Видеото го снимаше Pinestel.
Пејачката досега има земено учество на повеќе македонски фестивали, меѓу кои и „Макфест“ и „Охридски трубадури“.