Познатата пејачка Теа Трајковска преку социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл „Сенки“, а за кој сними и видеоспот. Теа е позната по својата уникатноста, па такво е и ова видео.
“Песната ‘Сенки’ е модерна и светска. Тоа е еден од оние проекти што зборуваат сами за себе, снимен во можеби најтешки глобални/локални околности. Верувам дека ќе ги допре моите слушатели и дека сите ќе се пронајдат во оваа приказна која едвај чекав да ја споделам со нив“, вели Трајковска.
И овојпат соработуваше со познатиот композитор Лазар Цветковски, кој ги направи музиката и аранжманот, а текстот е на Теа. Видеото го режираа Томи Акимовски и Горан Симјановски.
“Не запирам тука и веќе размислувам за следната песна. Сепак, чувајте се во ова време-невреме, носете маски и слушајте македонска музика“, вели Теа.