(Видео) Пандев со гол ја заврши сезоната во Серија А

Македонскиот репрезентативен напаѓач Горан Пандев во својот последен меч оваа сезона во дресот на Џенова успеа да се запише во листата на стрелците.

Неговиот тим загуби од Торино со минимални 2:1, а струмичанецот целиот меч го одигра на врвно ниво и покажа дека е најдобар играч на Џенова. Пандев сезонава имаше лош почеток, но својата форма успеа да ја подигне во вториот дел од сезоната.

Гостите со головите на Фалке и Басели имаа водство од 2-0, кога Пандев со мајсторски лоб на десет минути пред крајот ги постави конечните 1-2.

Scroll to Top