Песната „Бела“, што Лара Иванова и Христијан Настески Пајак ја испеаја на „Макфест“, надмина 10 милиони прегледи на Јутјуб. Песната за кратко време стана хит во регионот, а тинејџерите од Балканот ја пееја и објавуваа свои кореографии на Тик-ток.
Музиката и текстот ги напиша Пајак, а аранжманот е на Иван Јованов- Ивајо. Песната зборува за секојдневието на вљубен пар и за сите авантури што им се случуваат на нивниот љубовен пат.