Водителката Лила Филиповска се облече како Хурем Султан (омилената жена на Султан Сулејман, заради која ги пркршил законите и ја ожени) и покажа дека знае да ужива и во тој филм. Лила е во Турција. Од таму го сподели видеото каде веројатно понесена од времето на султанката Хурем, со музиката од популарната турска серија „Величенствениот“, ужува додека ја служат и ѝ се поклонуваат. Покрај видеото напиша: „Никаков оган не може да ме изгори, затоа што јас сум оган“.