(Видео) Синовите на Есма, „Нуне брадрс“, промовираа албум

Иструменталисти Филип и Раде Нуневски, познати како „Нуне брадрс“ го промовираа новиот албум „По патот“. На новиот албум тие соработуваат со Џамбо Агушев, Милан Кацарски, Милан Завков и Николче Мицевски. „По патот“ има 11 песни, а меѓу нив е и „Латино у моди“, песната којашто ја снимија со Есма Реџепова.

Браќата Нуневски две години ја придружуваа Есма на сите нејзини настапи, а последните две песни Есма ги сними токму со нејзините двајца посвоени синови.

Scroll to Top