Фолк-пејачката Соња Тарчуловска ја објави новата песна и спот „Во црвено“. Песната е во модерен поп ритам и е авторско дело на ќерката Мелани која го напишала текстот, додека аранжманот е на Дејан Момировски, и снимена е во „ХЛ студио Момировски“.
Придружните вокали на песната ги пеат нејзината ќерка Мелани и Сара Пројковска.
Соња веќе подолго време нема издадено нова песна, а ја немаше ни на музичката сцена. Но, често може да се види на јавни настани, спортски натпревари и патувања заедно со нејзиниот сопруг Јохан.
Ќерката на Соња и Јохан, Мелани првпат се појави на музичката сцена на овогодинешниот „Макфест“ каде ја отпеа песната „Con el diablo“.