(Видео) Стоечки овации од фановите на „Џузепе Меаца“ и дрес од Интер за Горан Пандев

Македонскиот фудбалер Горан Пандев влезе во легендите на Интер. Тој пред дербито со Лацио го доби неговиот дрес со бројот 27 кој го носеше во овој тим во 2009/2010-та кога Интер освои шампионска титула, купот и Лига шампиони.

Пандев играше за двата клуба во текот на неговата кариера, а доби овации од фановите на „Џузепе Меаца“.

„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Се надевам дека Интер и со два добри натпревари против Милан ќе обезбеди финале во Лигата на шампионите“, изјави Пандев.

Пандев со Интер освои шест трофеи и одигра 69 натпревари.

Scroll to Top