Кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова, на вчерашниот митинг во Кочани повторно направи гаф со кој ги помеша градовите.
„Почитувани кочанчани, почитувана фамилија Јовановски, мојата свекрва е од Кичево, Јованова. Леле, извинете, од Кочани“, рече Силјановска.
Претходно, професорката на митингот во Неготино присутните граѓани ги поздрави како „кавадарчани“.