(Видео) Влатко Илиевски: „Леле, леле што направивме“

На денешен ден пред шест години Македонија го порази домаќинот Литванија во кошарка со резултат 67-65 и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство. На 14 септември 2011 година македонската репрезентација испиша нова спортска историја за нашата земја. Во последната секунда кошаркарот Влатко Илиевски со тројка ѝ ја донесе победата на нашата земја. Ретко кој не би се сетил на овој натпревар и на легендарната изјава „Леле, леле што направивме“, реплика која подоцна стана хит, а ја кажа Влатко Илиевски по завршувањето на натпреварот.

Решивме да ве посетиме како тоа изгледаше и звучеше пред шест години.

 

Scroll to Top