(Видео) Внукот на Тоше денеска ја промовира првата песна

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески, денеска ја промовира својата прва песна We are blood, со што ја започнува и својата музичка кариера на македонската сцена. Песната ја сними во Лондон, со Енди Рајт, познатиот британски композитор и продуцент кој работеше со Тоше. За песната е снимен и спот, во режија на Александар Пауновски. И спотот ќе се промовира денеска, а Кристијан на своите социјални мрежи објави неколку секунди од видеото.

„Песна од албумот Secret Place“, напиша Кристијан и со тоа откри дека песната ќе се најде на новиот албум на Тоше што ќе се промовира на концертот на 2 ноември во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Кристијан студира соло-пеење на факултетот ЕСРА. Тој веќе се подготвува за концертот во чест на Тоше, а таму ќе ја изведе и новата песна.

https://www.instagram.com/p/BpcAR2dFeFv/?taken-by=kristijanristeski

Scroll to Top