Музичката група „Театро бенд“ ја објави новата песна „За тебе“. Пејачот Виктор Постолов и гитаристот Маријан Стоименов велат дека се задоволни од сработеното и дека и во иднина ќе продолжат да работат на вакви љубовни песни.
„Направивме одлична работа и се надеваме дека нашата нова песна ќе ѝ се допадне на публиката. Станува збор за љубовна песна, а во видеото се појавува и моделот Леа Ристиќ, која заврши одлична работа“, вели Виктор.
Спотот го работеше Кристијан Ѓорѓиев и се снимаше на неколку локации низ Македонија. Момците од бендот велат дека до Нова година имаат веќе закажано настапи, но секако планираат да снимаат и нови песни.