Лидија Гиновска, позната како Лиде Лиде или Лиде на Венко објави нова песна. Својот најнов сингл, таа им го посвети на шефовите, а како што вели била инспирирана од многуте нејзини работни места и раководители.
„Имаше премногу да се напише,од мобинг до секаков вид малтретирање. Меѓутоа една песна толку дозволува. Текстот се базира на вистинити настани, секоја сличност е намерна. Воедно ќе се препознаат многу шефови со такво однесување. Бидете природни со свои мислења и ставови и не се упикувајте на никој“, вели Лиде.
Песната е снимена во студиото на Стевче Јаневски.
Претходно таа ги објави песните „Ало министре“ и „Лиде на Венко“ кои ги посвети на министерот за здравство Венко Филипче, како и „Песната за Гугл“ на англиски јазик.
Таа стана популарна лани за време на карантинот, додека пишуваше забавни коментари за време на прес-конференцијата на министерот Филипче, наведувајќи дека е вљубена во него и дека сака да пијат кафе заедно.
Во март оваа година, Филипче се сретна со Лиде, но за жал не пиеја кафе поради обврските на министерот.