Виенски бал без Трифун Костовски

Трифун Костовски и неговото семејство, е еден од иницијаторите за одржување на Виенскиот бал, елитниот настан, кој секоја година се одржува  традиционално во хотелот „Александар палас“. Во разговор за Независен.мк  тој зборува за Виенскиот бал во Скопје.

„ На Виенскиот бал во Скопје присутен сум од самиот почеток и заедно со Амбасадата на Австрија во Скопје бев иницијатор за организирање на овој традиционален настан.

Балот е убава историја за убавите нешта кои го чинат животот на човекот да биде побогат и подостоинствен, да учиме од историјата за убавите нешта“, вели Костовски.

Тој открил дека оваа година нема да присуствува на балот, затоа што не е во Скопје.

Трифун раскажал дека и денеска живее во Виена, и покрај тоа што поголем дел од времето го поминува во Скопје. Костовски открил дека сепак, до  сега не бил на ниеден од организираните балови во Виена, но и скопскиот не заостанува зад оној во Австрија.

Scroll to Top