Кога во Македонија би се снимала хит-серијата „Игра на тронови“, главните улоги би ги добиле пејачи, модели, но и политичари… Пред почетокот на последната, осма сезона, редакцијата на „Репортер“ избра кои Македонците би можеле да глумат во популарната серија.
Владимир Четкар би се снашол во улогата на Џон Сноу, со меч во рацете, во борба против армијата бели зомби на Ноќниот крал.
Викторија Лоба би била совршена Денерис Таргеријан. Поради русата коса, сините очи и продорниот поглед, на Лоба одлично ќе ѝ прилега ликот на мајката на змејовите.
Марјана Станојковска или Марџори Тајрел? Сличноста помеѓу актерката Натали Дормер и Марјана е огромна.
Само Љубчо Георгиевски би можел да го глуми Роберт Баратион, владетелот на Кингс Лендинг.
Улогата на Сандор Клегејн – Хаунд би ја добил Миленко Неделковски.
Никој подобро од Ноне Неделковска не би можел да го долови ликот на Санса Старк, дамата на Винтерфел.
Моделот Никола Марковиќ со малку шминка и брада би можел да го глуми Кал Дрого, водачот на племето Дотраки и првиот маж на Денерис Таргеријан.
Редакција Репортер
Фото: Инстаграм/Фејсбук