По долга пауза поради пандемијата, концерти на регионалните музичари повторно ќе се одржат во Белград. Нашиот светски познат гитарист Влатко Стефановски ќе настапи на сцената во паркот „Ташмајдан“ на 30 јули, а концертната сцена на 31 јули е резервирана за Масимо Савиќ, притоа почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки, објавија организаторите.
Гитаристот, пејач и композитор Влатко Стефановски и V3 Trio ќе одржат концерт на 30 јули за ограничен број луѓе.
Стефановски претходно ќе настапи на 4 јули во Палиќ, а во Белград најпрвин ќе свири на 3 јуни во салата „Комбанк“ на „Гитар арт фестивал“, пренесуваат српските медиуми.
Поп-пејачот Масимо Савиќ, пак, вели дека со нетрпение очекува, конечно, да се дружи со публиката на 31 јули во прекрасното здание на „Ташмајдан“ под отворено небо.
„Јас и мојот бенд веќе сме подготвени и со нетрпение очекуваме да размениме енергија и емоции. Се сакавме, нели?“, вели популарниот кантавтор.
По „Ташмајдан“, пејачот ќе има концерт во Палиќ на 2 август.