За Нова Година сите политичари дома, само Заев во Солун

Министрите, претседателите на најголемите партии, градоначалниците во Македонија, за медиумите велат дека новата година ќе ја пречекаат скромно во домашна атмосфера со своите семејства и пријатели.

Премиерот Зоран Заев оваа година, многу веројатно е дека ќе ја мине во Солун, во друштво на тамошниот градоначалник, со кого има намера да ја продлабочи соработката.

Министерката за образование, Рената Дескоска, најлудата ноќ изјави дека ќе ја мине во домашна атмосфера.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од кого се очекува да има најмногу патувања и средби со своите колеги, исто така вели дека останува во Скопје меѓу кругот со најблиските.

Министерката за труд и социјала, Мила Царовска ќе биде со своето семесјтво, но во опкружување на децата од домот „11 Октомври“ и згрижените семејства кои живееа под Кале.

За разлика од Димитров, Претседателот на владата одамна одлучи дека соработката со градоначлникот на Солун може да ја искористи за приватна посета и токму таму да ја дочека новата година..

Заменикот на Заев кој е задолжен и за европски прашања, Бујар Османи вели дека во новогодишната ноќ ќе остане дома со сопругата и децата, а прославата ќе ја збогати со руска салата, кифлички и музика..

Ниту првиот финансиер во државата не предвидел посебен буџет за дочек на новата година.. За Министерот Тевдовски, најголема радост е новородената ќерка..

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов вели дека преминот од старата во новата година ќе го мине дома со најблиските.. За разлика од него, првиот човек на Карпош вели дека во новогодишната ноќ ќе биде во некоја од скопските дискотеки..

Во домашен амбиент со семејството остануваат и дел од претставниците на законодавната власт – Ременски, Ѓорчев, Груевски.

Извор/Сител

 

Scroll to Top