Загадувањето ја задушило Јанкуловска

Поранешната министерка за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, на својот фејсбук-профил напиша „Македонија се задуши. Дојде живот“. За да појасни колку е лоша ситуацијата, Јанкуловска постираше и табела на која се гледа алармантно загадениот воздух во Битола и делови на Скопје.

Интересно е тоа што досега Јанкуловска никогаш не реагирала вака на енормните загадувања во земјава, коментираат на социјалните мрежи.

Реакциите на социјалните мрежи беа речиси слични, од тоа дека „ја боли уво за Битола“, до коментари „батали воздухот, кажи за случајот ‘Диво Насеље’“.

Scroll to Top