Елена Вишка, Цеце Трајковска, Марко Марк и Гоце Андреевски од денеска (4 септември) се повторно пред камерите и ја започнаа втората сезона на „Утринска на Телма“. Емисијата што сака да ги едуцира и забавува своите гледачи повторно ќе се емитува во истиот термин од 8 до 12 часот. „Утринци“ не го кријат задоволството од почетокот на новата сезона:
„Со нетрпение ја очекувавме дружбата со најдобрата публика на светот. Се надеваме дека и оваа година ќе ги исполниме нивните очекувања и ќе го задоволиме нивниот вкус, но и дека ќе стекнеме нови верни пријатели, со кои ќе ја шириме заедничката позитивна енергија“, рекоа тие.