Јарко црвена за средбата со Омар Султан: првата дама шик во Дубаи

Елизабета Ѓеоргиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, е во Дубаи, каде што се сретна со министерот за вештачка интелигенција на Обединетите Арапски Емирати, Омар Султан ал-Олама. Таа ни овој пат не потфрли со стилот. Носеше црвен фустан со палто, а изгледот го дополни со црвена маска и црни салонки.

„Со министерот разговаравме за најновите проекти од областа на вештачката интелигенција и нејзината важност за иднината. Со забрзување на дигитализацијата на индустријата и економијата се овозможуваат големи придобивки за луѓето, меѓу кои и поедноставениот пристап до електронските услуги“, вели Ѓеоргиевска.

Не е првпат првата дама да избере црвена боја кога оди во официјална посета на друга земја. Таа неодамна носеше црвен фустан што го креира Ирина Тошева кога со претседателот беа на првата официјална посета на Грција. Елизабета е позната и по тоа што ги поддржува македонските модни дизајнери и најчесто носи нивна облека на јавни настани.

(Галерија) Елизабета Ѓоргиевска одбра црвена елегатна креација на Ирина Тошева за првата официјална посета на Грција

Scroll to Top