Зоран Ванев среќен во Швајцарија  

Некогашниот фолк-пејач Зоран Ванев, кој веќе подолго време живее во Швајцарија, сподели фотографии од природните убавини таму.

„Магија на природата“, вели Ванев, кој секое слободно време и топлите денови настојува да ги помине во прошетки заедно со својата сопруга Лидија.

Тој и зимата се пофали дека е среќен и дека со сопругата прославиле 20 години брак.

Зоран Ванев, кој е од Штип, беше еден од најпознатите фолк-пејачи кај нас. Но, тој веќе неколку години живее во Швајцарија, каде што работи како доктор по природна медицина. Неговата клиника во Цирих станала место што го посетуваат луѓе од целиот свет, а Ванев е еден од најбараните доктори по природна медицина таму.

Scroll to Top