Кајли Џенер пет пати одбила да се омажи за својот партнер

Најмладата милијардерка во светот Кајли Џенер (22) неколку пати го одбила својот партнер Тревис Скот (28), кога ѝ предложил брак. Иако двојката е во врска веќе две години и во февруари 2018 година ја добија ќерката Сторми, припадничката на кланот Кардашијан – Џенер не планира да се омажи за Тревис.

Уште од нејзиното лансирање на козметичката линија на парфеми и шминка, нејзиното богатство само се зголемува. Нејзините следбеници на социјалните мрежи сметаат дека е доволно богата и време ѝ е да се посвети на семејството, бракот и детето.

Близок пријател на двојката откри за американските медиуми дека Тревис сака да се ожени, но тоа не е нејзиниот план.

„Тревис ќе се ожени со Кајли утре ако треба, но веќе ќе го одби пет пати“, изјави пријателот на двојката. Причината е дека Кајли е среќна со нивната врска и не брза.

„Тие се многу среќни во врската и не сакаат да го уништат нивниот брак“, додаде изворот.

И покрај тоа што Кајли има само 21 година, повеќето од кланот Кардашијан – Џенер наводно ја поддржуваат идејата на Травис и навиваат за официјална церемонија.

 

 

Scroll to Top