„Алкалоид“ го купува „Вардар“?

By

Пред неколку недели Сергеј Самсоненко најави дека си заминува од „Вардар“ поттикнат од негативните коментари на фановите, првенствено од оние на фудбалскиот клуб. За неговото заминување се шпекулираше уште од поодамна, ама титулата во Лигата на шампиони што ја освои со РК Вардар како да го спречи во намерата.

dobivaj vesti na viber

Неколку месеци подоцна, заминувањето на Самсоненко е и повеќе од извесно, а чаршиските муабети велат дека тој ги продава трите клуба, спортскиот центар „Јане Сандански“, а според последните информации и хотел „Русија“. Она што се погласно се слуша меѓу народот е дека нивни следен сопственик ќе биде најголемиот македонски производител на лекови „Алкалоид“.

За сега овие информации не ги потврдува ниту една од засегнатите страни, ниту пак се знае сумата која новиот сопственик ќе му ја исплати на Самсоненко, но Репортер дознава дека договорот треба да биде потпишан во најскоро време.

Ќе ви се допадне