Адел го прекина концертот за да му оддаде почит на Метју Пери

Познатата пејачка Адел го прекина вечерашниот концерт во Лас Вегас за да му оддаде почит на познатиот актер Метју Пери, кој почина вчера во Лос Анџелес. Музичката ѕвезда на многу трогателен начин проговори за холивудската ѕвезда од која светот се збогува.

„Ќе се сеќавам на тој лик до крајот на мојот живот“, рече Адел, мислејќи на Чендлер Бинг, кој го игра Метју Пери во ситкомот „Пријатели“ и продолжи: „Тој беше толку отворен за неговата борба со зависноста и за надминување на неговата пороци, што за мене е неверојатно, неверојатно храбро“.

Адел нагласи дека Метју Пери и донел многу радост додека растела преку улогата на Чендлер. Тој лик брилијантно го имитираше едeн нејзин пријател: „И постојано го правеше тоа за да не насмее“. И ако некој имал лош ден или се чувствувал очајно, тој само би се преправал дека е Чендлер“.

Таа заврши велејќи: „И да, само сакам да кажам колку го сакам тоа што тој го направи за сите нас. Особено она што го направи за мене. Еден од најдобрите комични ликови на сите времиња. И се надеваме дека ќе може да се одмори во мир сега“.

Актерот Метју Пери се удави во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес. Брзата помош можела само да констатира смрт, посмртните останки биле извадени од неговиот дом, а семејството дало соопштение.

Scroll to Top