Анџелина Џоли ги истетовира прстите од рацете, фановите велат дека значењето има врска со Бред Пит

Уметникот за тетоважи кој на Инстаграм е потпишан под името „Мр. К Тату“ на своите следбеници им ја покажа новата тетоважа што ја направил за Анџелина Џоли и која има посебно значење.

На овој начин уметникот и се извини на актерката за недоразбирањето откако прво објави заматена фотографија од тетоважата која се наоѓа на средните прсти од рацете на Џоли од внатрешниот дел.

Ова ги поттикна корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат дека тетоважата е посветена на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит. Меѓутоа, сега е откриено значењето на необичните линии кои актерката ги истетовирала на прстите.

„Пред сè, извинете за сите лоши нагаѓања и искрено и се извинувам на Анџелина Џоли за секој стрес што можеби сум и го нанел“, напиша „Мр. К Тату“ во насловот на сликата.

„Оваа тетоважа претставува две ками во геометриски и апстрактен стил / нема врска со религија или крст“, додал тој.

 

Scroll to Top