Андреа Бочели паднал од коњ, има повреди на главата

Италијанскиот тенор Андреа Бочели е хоспитализиран бидејќи имал незгода на свoјот имот во Пиза. Тој во текот на јавањето паднал од коњ и има повреди на главата и карлицата. Од итната служба изјавиле дека неговите повреди на главата и карлицата се сериозни, но дека животот не му е во опасност.

„Тоа беше обичен пад од коњ. Доколку не дојде до компликации, може да ме пуштат дома“,напишал Бочели на „Фејсбук“.

Слепиот оперски пејач паднал од коњ, по што животното се вознемирило, раскажал вработен во болницата. Бочели (58) бил префрлен во болница со хеликоптер.

Scroll to Top