Арон Тејлор-Џонсон е главниот фаворит да стане следниот Џејмс Бонд, ексклузивно дознава Дејли Меил. Британскиот таблоид наведува дека тој е најверојатниот кандидат. Откако Даниел Крег се повлече од улогата на 007 по пет филмови, се шират гласини за тоа која ѕвезда ќе ја замени иконата.
Сега инсајдер откри дека британскиот актер (33) е многу блиску до добивање на улогата, а режисерот на Опенхајмер Кристофер Нолан (53) најверојатно ќе го води следниот филм од франшизата.
„Арон Тејлор-Џонсон моментално е фаворит за улогата, тој е првиот избор на Барбара Броколи“, тврди изворот.
За Кристофер Нолан, тој додаде: „Тој е исклучително заинтересиран да направи нешто многу поразлично со франшизата. Тој е многу внимателен со кого работи и сè уште не е познато дали ќе влијае на изборот на Арон Тејлор-Џонсон“.
Нолан е познат по тоа што постојано користеше слични актерски екипи во неговите филмови, работеше со уште еден потенцијален Бонд – Том Харди, на три филма: Inception, Dunkirk и The Dark Knight Rises.
Нолан работеше со Тејлор-Џонсон на филмот „Тенет“ од 2020 година, во кој актерот го играше споредниот лик на Ајвс. „Кога има можност да работите со некој како Крис Нолан, само се надевате дека ќе го остварите тоа“, изјави Арон за THR во 2020 година.