Арпад Штербик: „Нереални беа очекувањата за медал за Македонија“

Голманот на РК „Вардар“ и на шпанската ракометна репрезенација, по пласманот на Шпанија во финалето на Европското првенство во Хрватска, даде изјава за гол.мк во која вели дека Македонија живее за ракометот, ама дека очекувањето нашите ракометари да освојат медал не било реалност.

„Ја гледав Македонија на Европското првенство и задоволен сум. Вие живеете за ракомет и понекогаш сте нереални. Кога слушнав дека се спомнува медал, бев изненаден. Тоа е добро да се сонува, но не е реално. Сепак, и овој резултат е голем успех. Борко и Никола беа добри, Борко бранеше одлично против Чешка. Штета што се повреди Кире Лазаров, а малку и забележав умор кај некои ракометари“, рекол тој.

Штербик вечер ќе брани против Шведска во финалето на првенството.

Scroll to Top