Берлускони му подари постелнина на Путин

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони му подари постелнина на рускиот претседател Владимир Путин на која е испечатена фотографија од нив двајцата како се ракуваат, а во позадината се гледаат знаменитости на Италија и Русија. Берлускони допатува во Русија за лично да му го даде подарокот на рускиот претседател, по повод неговиот 65.  роденден.

Путин и Берлускони се долгогодишни пријатели – првпат се сретнаа на Самитот на Г-8 во 2001 година во Женева и оттогаш постојано стоеја еден до друг на официјални меѓународни средби. Кремљ нема официјален коментар за реакцијата на Путин на подарокот.

Scroll to Top